Фенербахче ја победи Барселона со 72-71 na домашен терен во 18. коло од Евролигата. Херој на триумфот на турскиот тим беше Вејд Болдвин, кој постигна клучни поени на десетина секунди пред крајот и со тоа ја прекина серијата на каталонскиот тим во Евролигата.
Барса до овој меч беше во низа од пет победи во Евролигата и девет ако се смета и домашното првенство. Болдвин го заврши натпреварот со 15 поени, три скока и две асистенции, а најефикасни играчи во тимот на Фенербахче беа Тарик Биберовиќ и Тајлен Хортон-Такер со по 16 поени, додека Девон Хол постигна 11.
Got it done in both ends.#MotorolaMagicMoment | @Moto https://t.co/xqKa0Yczym pic.twitter.com/Aybruksp1e
— EuroLeague (@EuroLeague) December 23, 2025
Кевин Пантер се истакна за Барселона со 20 поени, но излезе трагичар затоа што го пропушти последниот напад во кој беше одлично чуван и не успеа да постигне кош за победа.
Барселона со ова го загуби чекорот со лидерот Хапоел Тел Авив кој вечерва славеше на гостувањето кај Баерн и сега има две победи повеќе.


