Евентуалната долга пауза на Никола Јокиќ ќе биде огромен проблем за тимот на Денвер Нагетс на кого многумина му предвидуваат пласман под 10. место на Западот во случај на вакво сценарио.
Таквите прогнози имаат основа, меѓу другото и ако се погледне ноќешниот натпревар против Мајами. Денвер прими ненормално многу поени, загуби со 123-147, а мечот беше рамноправен додека Јокиќ беше во игра. Првото полувреме заврши нерешено (63-63) за во вториот дел Мајами да постигне 84 поени што е срамота и за аматерски тим.
Србинот играше само во првиот дел, на теренот помина 19 минути, а сепак го заврши натпреварот како најефикасен играч во својот тим и за малку ќе беше и прв стрелец на мечот.
Постигна 21 поен со осум асистенции и пет скока, зад него остана Мареј со 20 поени, но за речиси 35 минути во игра. Пред Јокиќ беа само играчите на Мајами, неговиот сонароникт Никола Јовиќ со 22 и Пауел со 25 поени.


