Отсуството на Никола Јокиќ од околу еден месец беше идеална можност за Јонас Валанчиунас да добие повеќе минути на теренот, но тоа нема да се случи.
Литванецот го истегна десниот лист на натпреварот во Торонто и како што објавија американските медиуми, исто така ќе биде надвор од теренот околу еден месец, по што ќе следат нови прегледи. Ова значи дека Денвер ќе остане без центар и ќе мора да се потпре на крилниот центар Зек Наџи, кој е способен да ја покрие и „петката“.
Нагетс (23/10) ја продолжуваат својата серија на Источниот брег на САД, а следниот натпревар го играат в недела против Бруклин во 21:30 часот по средноевропско време.
Извесен период тренерот Аделман не може да смета ни на Ерон Гордон поради проблем со препоните, во тимот не е ни Кристијан Браун поради повреда на глуждот, додека Кем Џонсон има проблем со коленото.


