Шампионот на Грција, Олимпијакос ја продолжи доминацијата во дуелите против Панатинаикос во Евролигата откако го победи и десетти пат по ред.
Тимот од Пиреја славеше како гостин со 87-82, а последниот пораз од својот најголем ривал, во елитното натпреварување, го доживеа на 5 февруари 2021 година на домашен терен со 77-88. Денешниот меч беше еден од најлудите во историјата, а малку недостасуваше Олимпијакос да испушти голема предност.
Гостите водеа и со 17 разлика во повеќе наврати во првата четвртина, но ПАО во вториот период ја достигна високата негатива и на голем одмор се замина со израмнет резултат (43-43). Панатинаикос имаше кратки периоди со водство во третата четвртина, но не играше добро во континуитет, па во последниот квартал, гостите поведоа со 83-74 и тоа се покажа доволно за триумф на дербито.
Грчките тимови сега се наоѓаат на петтото и седмото место, но разликата со лидерот Валенсија не е голема.
РЕЗУЛТАТИ
Анадолу Ефес – Црвена Звезда 65-87
Басконија – Фенербахче 93-108
Панатинаикос – Олимпијакос 82-87
Виртус – Олимпија Милано 97-85
Реал – Дубаи 107-93


