дРаботите речиси излегоа од контрола на натпреварот од израелската лига помеѓу Хапоел Тел Авив и Хапоел Ерусалим.
Грчкиот стручњак Димитрис Итудис целосно го изгуби трпението и во еден момент изгледаше подготвен физички да се пресмета со судиите. На почетокот на третата четвртина настана хаос, по судиската одлука што го разбесни искусниот грчки стручњак. Итудис се упати кон теренот, видливо вознемирен и само благодарение на брзата реакција на играчите и стручниот штаб не се случи посериозен инцидент. Снимката јасно покажува колку бил лут и колку сакал да се соочи со судиите, кои биле негова главна мета.
😂😂😂 pic.twitter.com/0jw8WR0ezH
— Rom Geffen (@RomGeffen) January 3, 2026
Сето ова не му помогна на неговиот тим. Хапоел Ерусалим на крајот го доведе рутински го довесе натпреварот кон крај и славеше со 92-77. Иако тимот на Димитрис Итудис се доближи на само два поена разлика (66-68) на почетокот од последната четвртина, гостите потоа се засилија, направија серија од 12-3 и практично го решија победникот.
Итудис не можеше да се смири ниту по завршувањето на натпреварот. Тој ги поздрави новинарите на прес-конференцијата видно вознемирен. Прво беше лут поради тоа што ова е втор пораз на Хапоел сезонава, а потоа и од увидот во статистиката на натпреварот.


