Екипата на Тренто стави крај на мини-серијата од два пораза во италијанското првенство откако вечерва на домашен терен го победи Трст со 89-87.
Актуелниот освојувач на Купот на Италија беше блиску до уште еден неуспех, но се врати на волшебен начин и дојде до триумфот. Гостите водеа во најголемиот дел од натпреварот, во третата четвртина со највисоки 20 разлика (59-39), а на крајот од третиот период и со 15 (81-66), но ни тоа не им беше доволно за триумф.
Тренто ја почна последната четвртина со серија од 14-0, а ја заврши со серија од осум поени. Кошот за победа (2+1) го постигна Калиф Бетл на три секунди пред крајот на мечот откако претходно Јакимовски ја прифати одбиената топка од под својот кош.
Македонскиот репрезентативец повторно беше еден од најдобрите во својот тим и заврши како трет стрелец кај Тренто, со 12 поени на кои додаде уште пет скока. По 14 кола, Тренто се наоѓа на 11. место на табелата и во прашање е доведен пласманот на завршниот турнир од Купот на Италија.


