Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, даде уште една луда изјава со која го привлече вниманието на европската кошаркарска јавност.
Гркот тврди дека нема да штеди пари за да донесе уште едно засилување кое би му помогнало на тимот повторно да се искачи на врвот на Европа.
„Се обидувам да обезбедам огромно засилување. Вистинска бомба! Ќе го доведам Мајкл Џордан ако е потребно, само за да ја освоиме Евролигата“, рече Јанакопулос во еден од неговите бројни настапи во живо на социјалната мрежа Инстаграм.
Дури и без тоа засилување, Панатинаикос има прилично добар состав, моментално на шестото место на табелата во Евролигата со резултат од 12/6.


