Црвена Звезда има четворица, а и Партизан од денеска ќе има Нигериец во своите редови откако клубот експресно најде замена за Тајрик Џонс.
Нов играч на белградскиот клуб е Тонје Џекири кој до неодамна беше член на ЦСКА Москва, а зад себе има долгогодишно искуство во европската кошарка. Во Евролигата настапуваше за Асвел, Басконија, Уникс и Фенербахче, додека последните две години ги помина во рускиот гигант.
Tonje Džekiri je novi košarkaš Partizana Mozzart Bet!⚫️⚪️
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) January 5, 2026
🔗 https://t.co/IY4H4yC2N7#KKPartizan pic.twitter.com/FoiptAJDNb
„Поранешниот центар на ЦСКА Москва, Тоње Џекири, е новото засилување на Партизан. Поранешниот играч на Фенербахче, Уникс, Асвел, Басконија, Газијантеп, Остенде и Бандирма, наскоро ќе се приклучи на црно-белиот тим и ќе го носи дресот со број 23. Џекири, кој е висок 213 сантиметри, е роден на 23 јули 1994 година. Во досегашната кариера, освојуваше трофеи во ВТБ лигата и Белгија“, пишува во соопштението на Партизан.
„Црно-белите“ утре гостуваат кај Монако, но како што стојат работите, Џекири нема да настапи на тој меч.


