Шарлот Хорнетс како гостин ја победи Оклахома Сити Тандер со 124-97 што е убедливо најголемата сензација во НБА лигата оваа сезона..
Актуелниот шампион на НБА и тим кој беше на добар пат да ги сруши рекордите на Голден Стејт Вориорс, Чикаго Булс и Лос Анџелес Лејкерс за бројот на победи во регуларната сезона, но… Оклахома имаат полош резултат од Вашингтон Визардс во последните 12 натпревари, а еден од најслабите тимови во лигата, Шарлот Хорнетс, убедливо победи со 27 поени разлика!
Домаќините шутираа со само 37% од поле, вклучувајќи 11 од 39 од три (28%). Актуелниот МВП во лигата Шеј Гилџес Александер погоди 7/21 и заврши со 21 поен. Клучни за победата на Шарлот беа втората и третата четвртина кои ги доби со 66-38 за во последниот период гостите да поведат и со 30 поени разлика.
Шест играчи на Хорнетс постигнаа двоцифрен број поени, предводени од Брендон Милер со 28. Оклахома Сити има уште два натпревара против тимови со негативен биланс пред недела, кога ќе гостуваат во Мајами (Јута во среда, Мемфис во петок), а потоа уште еден дуел со Сан Антонио следниот вторник.
РЕЗУЛТАТИ:
Детроит – Њујорк 121-90
Бостон – Чикаго 115-101
Торонто – Атланта 118-100
Хјустон – Феникс 100-97
Оклахома – Шарлот 97-124
Филаделфија – Денвер 124-125
ЛА Клиперс – Голден стејт 103-102
Портланд – Јута 137-117


