Турскиот прволигаш Тофаш поведе со 1-0 во плејин серијата од Лигата на шампионите против Шоле откако вечерва на домашен терен славеше со 89-75.
Тимот од предводен од Емил Рајковиќ одлично го почна натпреварот и во првото полувреме имаше предност и од 12 поени разлика. Шоле направи пресврт во третиот период по серијата од 10 поени, но Тофаш одговори со 16-0 меѓу третата и последната четвртина по која повторно го презеде водството и не го испушти до крајот.
Вториот меч од оваа серија се игра в четврток на теренот на Шоле, а ако има потреба од „мајсторка“, Тофаш ќе го пречека противникот пред своите навивачи на 14 јануари. Победникот од серијата ќе се пласира во топ-16 фазата од Лигата на шампионите


