Црвена Звезда вечерва помина многу слично како Партизан во 20. коло од Евролигата, против Валенсија на домашен терен.
Белградскиот тим загуби со 89-106 од најдобриот тим во Евролигата со што го избриша сензационалниот триумф против Анадолу Ефес во претходното коло. Клучен се покажа периодот пред крајот на првото полувреме кога Валенсија поведе со 19 разлика (54-35). Во третиот период Звезда со голем напор се доближи на четири поени негатива, но следуваше серија од 20-3 на Валенсија со која официјално беше ставена точка на сите дилеми.
Еден од најзаслужните за триумфот на Валенсија беше македонскиот репрезентативец Омари Мур кој со 15 поени беше втор стрелец во својот тим, зад Монтеро кој постигна 25. Валенсија по овој триумф останува на првото место на табелата во Евролигата, додека Звезда е на десеттата позиција, но со добра предност во однос на екипите кои се зад неа.
РЕЗУЛТАТИ
Фенербахче – Олимпијакос 88-80
Монако – Партизан 101-84
Црвена Звезда – Валенсија 89-106
Хапоел – Дубаи 85-60
Панатинаикос – Олимпија Милано 74-87


