Бранителот на титулата во НБА, Оклахома Сити Тандер го избегна третиот пораз по ред откако ноќеска, по продолжение, ја победија Јута со 129-125.
Првата ѕвезда на тимот Шеј Гилџес Александер повторно беше човек на одлука, постигнувајќи 46 поени, вклучувајќи го кошот со звукот на сирената во основниот дел од мечот. Со тоа избори продолжение во кое Оклахома успеа да го скрши отпорот на противникот, но и да избегне резултатска криза, кога веќе ривалите се на безбедно растојание.
Гилџес Александер шутираше 1/8 за тројка, но беше релативно прецизен од другите позиции, погодувајќи 13/18 за два и 17/19 од линијата за слободни фрлања. Покрај него, се истакнаа уште Холмгрен со 23 и Џејлен Вилијамс со 17 поени. На Јута Џез не ѝ беше доволен Лаури Марканен кој постигна 29 поени, вклучувајќи кош за водство на три секунди пред крајот, за 114-112.
Оклахома и натаму е најдобар тим во лигата со биланс 31/7, додека Јута го држи 13. место на Западот со 12/24.
РЕЗУЛТАТИ
Бостон – Денвер 110-114
Шарлот – Торонто 96-97
Детрпот – Чикаго 108-93
Филаелфија – Вашингтон 131-110
Атланта – Њу Орлеанс 117-100
Бруклин – Орландо 103-104
Њујорк – ЛА Клиперс 123-111
Мемфис – Феникс 98-117
Оклахома – Јута 129-125
Сан Антонио – ЛА Лејкерс 107-91
Голден Стејт – Милвоки 120-113
Портланд – Хјустон 103-102


