Индијана Пејсерс го победи Шарлот Хорнетс со 114-112 минатата ноќ во НБА лигата во која имаше уште два натпревара.
Со тоа, Пејсерс успеаја да ја прекинат серијата од 13 порази и да му овозможат големо славје на својот тренер. Со неа Рик Карлајл стигна до својата 1000. победа во кариерата и влезе меѓу легендите во НБА лигата. Од активните тренери во ова натпреварување, повеќе победи од Карлајл има само тренерот на Милвоки, Док Риверс.
Човекот што ја предводеше Индијана до финалето на Источната конференција и беше шампион на НБА со Далас Маверикс во 2011 година е само 11. тренер во историјата на лигата што достигнал 1.000 победи, а последниот што го сторил тоа е токму Док Риверс во 2021 година.
На листата се наоѓаат и Грег Попович, Дон Нелсон, Лени Вилкенс, Џери Слоун, Пет Рајли, Џорџ Карл, Фил Џексон, Лари Браун и Рик Аделман.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Индијана 112-114
Минесота – Кливленд 131-122
Јута – Далас 116-114


