За голем дел кошаркари и вљубеници во овој спорт, огромно изненадување беше заминувањето на Жељко Обрадовиќ од Партизан, па и 40-тина дена подоцна, не можат да поверуваат дека се случи тоа.
Ова беше првпат во неговата кариера, трофејниот стручњак да си замине од екипа среде сезона иако такви закани имал и порано. За една од нив открива чешкиот интернационалец Јан Весели кој соработуваше со него во Фенербахче.
„Тој ни се закануваше и на нас во Фенер дека ќе си оди, но тоа беше тактичка закана. И сега искрено се надевав дека тоа е во прашање, дека така ќе се заврши… Не знам се за случајот, што бил проблемот, но верувам дека му дошло преку глава“, појасни Весели.
Вечерва тој во дресот на Барселона ќе игра токму против Партизан на чија клупа ќе биде доскорешниот тренер на каталонскиот клуб Жоан Пењароја.


