Српскиот и АБА шампион, Партизан ја продолжи очајната серија во Евролигата откако денеска го доживеа шестиот пораз по ред, потврдувајќи го со тоа епитетот најкастрофален тим во елитното натпреварување.
Подобар од „црно-белите“ беше тимот на Барселона кој на домашен терен славеше со 88-70, па Партизан остана закован на последното место на табелата, со биланс 6/15, колку што имаат и Асвел и Анадолу Ефес. „Каталонците“ дојдоа до 14. победа во сезоната и се израмнија со Валенсија, Монако и Хапоел во горниот дел од табелата.
Партизан вечерва се држеше во првото полувреме, многу често и се наоѓаше во водство, но одлучувачка беше серијата од 17-0 меѓу втората и третата четвртина по која Барселона направи пресврт и поведе со 48-35. Оттогаш гостите само еднаш се симнаа на едноцифрена негатива, а Барса стави точка на победата со деветте поени по ред во финишот од мечот со кои отиде на највисоки +20.
РЕЗУЛТАТИ
Жалгирис – Црвена Звезда 99-67
Олимпијакос – Баерн 95-80
Барселона – Партизан 88-70
Басконија – Асвел 78-73
Олимпија Милано – Анадолу Ефес 87-74


