Со шест порази во низа, екипата на Партизан се наоѓа закован на последното место во Евролигата, без реални шанси да се довлечка до позициите кои водат во разигрувањето за титулата.
Навивачите се откажаа, но очигледно на Двејн Вашингтон не му недостасува самодоверба, ако се суди по неговата изјава по синоќешниот дебакл на гостувањето кај Барселона. Сите шест порази кои ги доживеаја „црно-белите“ последниот месец беа со двоцифрена разлика, ама Вашингтон тврди дека тој и неговите соиграчи се најдобри во Евролигата.
„Мислам дека како играчи, Партизан ги има најдобрите во Евролигата, ама имавме тежок период, многу промени и случувања надвор од паркетот кои не можевме да ги контролираме. Многу необична и комплицирана ситуација, а ја ќе ги пофалам сите момци што се обидуваат да бидат позитивни и професионални. Се обидуваме да бидеме подобри и продолжуваме со работа“, изјави Вашингтон.
Партизан во моментов се наоѓа во многу необична ситуација бидејќи во Евролигата нема никакви шанси, а во АБА, поради новиот систем на натпреварување, го очекуваат релативно лесни, но и неважни дуели бидејќи пласманот во следната фаза е обезбеден.


