Никола Јокиќ е веќе две недели надвор од тимот на Денвер поради повреда и се очекува да паузира до крајот на овој месец.
До моментов пропушти шест натпревари (седум, заедно со еден претходно) и се очекува да пропушти барем уште толку. Србинот формално е во трката за МВП признанието, но само теоријата го одржува бидејќи мора да се врати на терените најдоцна до 30 јануари и до крајот на сезоната да не пропушти ниеден меч за да го исполни кретериумот за 65 натпревари.
NBA MVP Chances on Kalshi:
— Kalshi Sports (@KalshiSports) January 9, 2026
74% — Shai Gilgeous-Alexander
10% — Nikola Jokic
10% — Luka Doncic
5% — Cade Cunningham
Can anyone catch SGA? pic.twitter.com/R87Bd1eD5g
До повредата, Јокиќ беше фаворит според обложувалниците, ама сега работите тотално се сменија. Шансите се на страната на Шеј Гилџес Александер кој води со 74% и само евентуална повреда со долга пауза би можела да го одвои Канаѓанецот од второто признание по ред.
Зад него се Никола Јокиќ и Лука Дончиќ со по 10%, а на четвртото место е Кејд Канингем со 5%. Теоријата го одржува и Виктор Вембанјама кој веќе пропушти 14 натпревари и до крајот на сезоната смее да паузира на само уште три што е практично невозможно, имајќи ги предвид неговите чести повреди.


