По двата меча во Евролигата, македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ вечерва го одигра првиот натпревар во германското првенство, во дресот на Баерн.
По Шпанија, Италија и ВТБ, како и во Евролигата, ова е нов момент во кариерата на 28-годишниот плејмејкер кој на почетокот од оваа недела се пресели во Баерн. „Баварците“ потешко од очекувањата го победија поранешниот тим на Ти Џеј Шортс, Бомн со 66-63 во еден од најнеефикасните натпревари во Бундеслигата оваа сезона.
Димитријевиќ на теренот помина 25 минути и за тоа време постигна два поена, два скока и пет асистенции. За два погоди 1/1, за три 0/3 и беше втор асистент, зад Ратан Мејс кој имаше шест успешни додавања.
Баерн е убедливо прв на табелата во Бундеслигата со 29 бода по 15 кола (14 победи и еден пораз), шест повеќе од второпласираниот Вурцбург. Во следното коло, идниот викенд, на програмата е „македонската“ пресметка во Бундеслигата, меѓу Баерн и Кемниц каде во стручниот штаб е Ѓорѓи Кочов.


