Кошаркарскиот клуб Трапани е исклучен од италијанското првенство, официјално е одлучено денеска.
Познато е дека клубот од Сицилија долго време се бори со сериозни финансиски проблеми, што доведе до играчки егзодус. Сè кулминираше кога на натпреварот од Лигата на шампионите на ФИБА против Хапоел Холон минатата недела, екипата допатува со минимален број кошаркари и беше главна тема во сите европски медиуми.
За време на мечот, тројца играчи се повредија, додека еден заработи пет лични грешки, па Трапани остана само со еден слободен кошаркар на теренот. Натпреварот беше прекинат, а Трапани беше дисквалификуван од тоа натпреварување, судбина што ќе ја доживее дома, по одлуката на Националниот арбитражен суд за спорт и натпреварот против Тренто, кој траеше нешто повеќе од четири минути.
Сите претходни резултати (10 победи и пет порази) на тој тим ќе бидат поништени, додека оние кои сè уште не играле против Трапани ќе добијат неочекуван одмор за време на тие натпревари.


