Денешниот состанок на Бордот на директори на Евролига донесе една голема победа на оваа организација во битката со НБА Европа која се заканува да ја преземе лидерската улога на континентот.
Трите клуба на кои годинава им истекуваа договорите, наводно, се согласиле да ја продолжат соработката со тоа што Барселона веќе потпишала до 2026 година, а се очекува наскоро истото да го сторат и Реал Мадрид и Фенербахче. Останува тоа дека Асвел на крајот од оваа сезона излегува од Евролигата и дека се сели во Лигата на шампионите на ФИБА, но никој во европската елита нема да „плаче“ поради тоа.
Заедно со Барса, Фенер и Реал, во Евролигата би останале 12 акционери бидејќи договори веќе имаат: Олимпијакос, Панатинаикос, Жалгирис, Басконија, Анадолу Ефес, Олимпија Милано, Макаби Тел Авив, Баерн и ЦСКА со тоа што московскиот клуб и натаму е суспендиран поради руската агресија врз Украина.
Како ќе влијае последниот развој на настаните врз плановите на НБА Европа ќе се знае веројатно до крајот на оваа недела до кога Комесарот на НБА, Адам Силвер се очекува да ги изнесе плановите за новото натпреварување.


