Во денешниот дебакл против Олимпијакос, Партизан го сруши негативниот рекорд за најголема разлика во еден пораз во Евролигата.
„Црно-белите“ беа поразени со 66-104, што е највисока разлика (38) со која белградскиот тим загуби на домашен терен во историјата на елитното натпреварување. Претходниот неславен рекорд беше од поразот од Улкер во 2006 година, кога Партизан загуби со 64-100.
Ова е воедно и трет најголем пораз за црно-белите во историјата во Евролигата. Рекордот сè уште го држи ЦСКА во 2013 година која славеше со 88-46, додека неодамнешниот дебакл во Каунас против Жалгирис (68-109, -41) е на второто место.
Катастрофалниот настап против Олимпијакос е само кулминација на ужасната сезона и фактот дека Партизан еден од најслабите тимови во целото натпреварување.


