Црвена Звезда ја победи Олимпија Милано со 104-96, благодарение на големиот пресврт во последниот период.
Белграѓани успеаја да му се одмаздат на противникот и да дојдат до победа, а сето тоа по бруталната четврта четвртина, во која надоместија -12, ја добија четвртината со 34-14 и забележаа победа. Изгледаше дека Звезда е во катастрофална состојба и дека не може да ги поврзе своите редови поради што повеќе од три четвртини се наоѓаше во негатива.
Џордан Нвора ја предводеше Звезда до победа со 22 поена и четири скока, додека Џаред Батлер и Чима Монеке постигнаа по 18.
Црвена Звезда остана на 10. место во Евролигата со 12 победи и 10 порази, додека Армани е 11. со 11-11.
РЕЗУЛТАТИ
Дубаи – Виртус 72-80
Анадолу Ефес – Басконија 75-89
Баерн – Панатинаикос 85-78
Макаби – Жалгирис 100-97
Олимпија Милано – Црвена Звезда 96-104
Париз – Монако 87-95


