Орландо Меџик го направи најголемиот камбек во сезоната во НБА, против Мемфис Гризлис во натпреварот што синоќа се одигра во Берлин.
Тимот од Флорида го победи Мемфис со 118-111 откако заостануваше со дури 20 поени во втората четвртина. Штом Гризлис стигнаа до +20, почна серијата на Орландо со што беше најавен големиот пресврт.
Мемфис успеа да се врати од шокот, дури и да поведе во последната четвртина, но на крајот Орландо сепак ја однесе победата.
Паоло Банкеро беше играч на натпреварот со 26 поени и 13 скока, а имаше поддршка од Ентони Блек со 21 поен и седум асистенции и Франц Вагнер со 18 поени и девет скока. На другата страна, Џарен Џексон имаше 30 поени, Санти Алдама 18 и Седрик Кауард 17.
РЕЗУЛТАТИ
ЛА Лејкерс – Шарлот 117-135
Голден Стејт – Њујорк 126-113
Портланд – Атланта 117-101
Далас – Јута 144-122
Сан Антонио – Милвоки 119-101
Хјустон – Оклахома 91-111
Мајами – Бостон 114-119
Детроит – Феникс 108-105
Орландо – Мемфис 118-111


