Против Портланд беше јасно дека на Лос Анџелес Лејкерс му недостасува Лука Дончиќ и дека тој е оној околу кого сè се врти. Штом се врати во поставата, тимот се врати на победнички патеки и против Торонто Репторс славеше со 110-93.
Лејкерс не блескаа во овој натпревар сè до последната четвртина кога го свртија резултатот во своја корист. И интересно, не беше Дончиќ тој што шутираше, туку им овозможи лесни поени на своите соиграчи. Диандре Ејтон имаше најголема корист од сето ова, шутирајќи совршени 10/10 од поле во овој натпревар. Она што го прави Џеј Џеј Редик уште посреќен е тимската игра на Лејкерс. Дончиќ и Леброн Џејмс имаа по седум асистенции, а другите играа според своите стандарди. Ова беше можеби првиот натпревар каде Лука и Леброн не се задушија меѓу себе.
Ејтон постигна 25 поени, колку и Лука, додека Леброн постигна 24. Значи, тројцата најдобри играчи на Лејкерси заедно постигнаа 74 поени и практично беше невозможно да загубат. Скоти Барнс се истакна за Торонто со 22 поени, Сандро Мамукелаашвили имаше 20, Брендон Инграм имаше 19, а почетникот Колин Марио Бојлс имаше 18.
Ова беше 41. натпревар за Лејкерс во сезоната, а на половина од регуларната сезона тие се на шестото место на Западот со биланс 25/16. Им следува 15-дневна турнеја во која ќе одиграат осум натпревари од кои првиот е утре вечер против Денвер кој се уште е без Никола Јокиќ.
РЕЗУЛТАТИ
Чикаго – Бруклин 124-102
Хјустон – Њу Орлеанс 119-110
Денвер – Шарлот 87-110
Сакраменто – Портланд 110-117
ЛА Лејкерс – Торонто 110-93


