Голден Стејт Вориорс го победи Мајами Хит со 135-112, но триумфот остана во длабока сенка на она што се случи во третата четвртина.
Поранешниот играч на Мајами, сега ѕвезда на Вориорс, Џими Батлер незгодно доскокна и доживеа повреда, а прегледите ги потврдија најцрните прогнози. Ветеранот ги скинал вкрстените лигаменти на коленото поради што за него оваа сезона е завршена и тоа ќе биде голем хендикеп за Голден Стејт.
Scary injury by Jimmy Butler 😥 pic.twitter.com/qsbdk8iF0K
— San Diego Strong (@PadresStrong) January 20, 2026
Батлер не можеше сам да го напушти теренот, па му помогнаа неговите соиграчи Хилд и Куминга кои го седнаа на количка и го изнесоа. Искусниот кошаркар оваа сезона просечно постигнуваше по 21,3 поени по натпревар и неговото отсуство ќе биде голем хендикеп за Вориорс.


