Одличната игра и победата над Макаби Тел Авив дојдоа на наплата – српскиот интернационалец Никола Милутинов се повреди.
Како што објавија сите релевантни грчки медиуми, искусниот центар доживеа потрес на мозокот во последните секунди од натпреварот. Сè се случи доби силен удар од О’Ши Брисет што доведе до потрес на мозокот. Веста ја потврди тренерот Јоргос Барцокас на прес-конференција.
„Не е исклучено Никола да не патува во Истанбул. По ударот што го претрпе, тој имаше потрес на мозокот. Докторот веќе ни кажа дека не треба да оди во Истанбул. Ќе знаеме повеќе во среда“, рече Барцокас по синоќешниот меч.
Олимпијакос славеше со 100-93, а Милутинов постигна 13 поени и девет скока за 21 минута против Макаби.


