Екипата на Лос Анџелес Клиперс поведе со 2-1 во меѓусебните дуели со градскиот ривал Лејкерс откако ноќеска како домаќин славеше со 112-104.
Гостите имаа негатива од 26 поени, се чинеше дека сè ќе биде решено пред да започне четвртата четвртина, но успеаја да се доближат на само два поена и да внесат драматика во финишот. Комплетен пресврт, сепак, не се случи и Клиперс продолжија со одличните резултати.
Неочекуван херој на Клиперс беше Џон Колинс, кој погоди тројка на 42 секунди пред крајот, по асистенција на Ленард и со тоа го запечати натпреварот. Клиперс до победата ги предводеа Кавај Ленард со 24 поени, Џејмс Харден со 18 поени, седум скока и десет асистенции и Ивица Зубац со 18 поени и 19 скока.
Кај Лејкерс најдобар беше Лука Дончиќ со 32 поени, 11 скока и осум асистенции, Леброн Џејмс додаде 23поени, а Руи Хачимура 12. Лејкерс со овој пораз падна на шестата позиција во Западната конференција, додека Клиперс се зацврстија на десеттото место, последно кое води во плејинот.
РЕЗУЛТАТИ
Орландо – Шарлот 97-124
Филаделфија – Хјустон 128-122
Вашингтон – Денвер 97-107
Далас – Голден Стејт 123-115
Минесота – Чикаго 115-120
Јута – Сан Антонио 109-126
ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 112-104
Портланд – Мајами 127-110


