Македонскиот стручњак Никола Божиноски и натаму ниже успеси во првенството на Азербејџан, со својот тим Нахчиван.
Од почетокот на годината, неговиот тим одигра три натпревари и оствари убедливи победи на секој од нив. Прво го совлада Сумкајит со 97-80, па Ланкаран со 106-75 и вчера славеше со Середчи со 65-57 како гостин. Со тоа Нахчиван ја продолжи доминацијата во однос на другите клубови во својата група од азербејџанското првенство, со исклучок на Орду од кого ги доживеа трите порази во досегашниот дел.
Тимот на Божиноски е бетониран на второто место на табелата во групата Б од првенството со биланс 11/3. Најблискиот ривал, Губа има само пет победи.
Во продолжение од сезоната, Нахчиван ќе се обиде да се засили со центар со што ќе го зголеми притисокот врз Орду и ќе се обиде да се вмеша во борба за еден од трофеите во азербејџанската кошарка.


