Дуелот помеѓу Минесота и Голден Стејт, кој требаше да се игра вечерва, е откажан поради напнатата ситуација во Минеаполис.
Федералните агенти, кои со недели беа во главниот град на државата Минесота, убија маж при апсење, што доведе до нови големи немири на улиците. Затоа НБА процени дека нема безбедносни услови за организирање на натпреварот. Дуелот ќе се одигра утре во 16:30 часот по локално време.
Пукањето при кое беше убиен маж е трето убиство што го извршија федералните агенти во тој град овој месец. Претходно, тие ја убија и 37-годишната Рене Гуд, мајка на три деца, на улица.
Настанот предизвика голема загриженост и, пред сè, гнев кај граѓаните насочен против антиимиграциските акции што ги спроведуваат федералните сили во оваа американска држава.


