Натпреварот помеѓу Мемфис Гризлис и Денвер Нагетс, кој требаше да се игра вечерва од 21:30 часот во Тенеси, е одложен поради лоши временски услови.
Како што беше најавено, лошите временски услови го оневозможија безбедното одржување на натпреварот, па НБА лигата донесе одлука да го одложи натпреварот за еден од следните денови. Новиот датум на натпреварот ќе биде објавен дополнително.
Одложениот натпревар доаѓа во идеален момент за Никола Јокиќ, кој сè уште има време да се врати и да остане во конкуренција за титулата за најкорисен играч, во рангирањето во кое во моментов води Шеј Гилџес Александер.
До денеска, Јокиќ пропушти 14 натпревари од основниот дел, а максималниот број на кои може да не настапи изнесува 17. Ако претстојнава недела не се врати во тимот, се ќе биде загубено бидејќи Денвер до петок игра со Детроит, Бруклин и ЛА Клиперс. Ако денеска се играше мечот во Мемфис, периодот за враќање на Јокиќ ќе се скратеше до четврток.


