Лос Анџелес Лејкерс не с во најдобра форма во последно време, но го надмина тоа на наједноставниот можен начин – со натприродниот талент на Лука Дончиќ.
Словенецот реши да игра симултанка против Чикаго и тоа функционираше. Постигна 46 поени, шутирајќи 8/14 за тројка, а подели 12 асистенции, собра седум скока и беше најголемата причина зошто Никола Вучевиќ (18 поени, 11 скока, 5 асистенции) и компанија не можеа да се надеваат на победа на домашен терен. Лејкерс славеа со 129-118 во „домот“ на Мајкл Џордан.
На овој начин, Лука ја зголеми разликата на листата на најдобри стрелци во лигата со Шеј Гилџес Александар. Дончиќ моментално има просек од 33,4 поени по натпревар, додека актуелниот МВП е на 32,1. Освен тоа, Дончиќ стана играч кој најбрзо стигнал до 2.000 поени во дресот на Лејкерс, по само 65 натпревари. Пред овој меч, тој беше прогласен за играч на неделата во Западната конференција, со просек од 34,3 поени, 10,7 скока и 9,7 асистенции по натпревар.
Леброн Џејмс додаде 24 поени – доволно за Лејкерси да ја преземат контролата врз играта, додека Руи Хачимура додаде 23 од клупата.
По петте порази на шест натпревари, тимот од Лос Анџелес сега победи на четири од своите последни пет натпревари и повторно е во борба за подобра позиција на Западот. Моментално се петтопласирани на табелата со биланс 28/17.
РЕЗУЛТАТИ
Атланта – Индијана 132-116
Шарлот – Филаделфија 130-93
Кливленд – Орландо 114-98
Бостон – Портланд 102-94
Чикаго – ЛА Лејкерс 118-129
Хјустон – Мемфис 108-99
Минесота – Голден Стејт 108-83


