Капитенот на Партизан, Вања Маринковиќ денеска е опериран во една од најдобрите клиники во Финска, во градот Турку.
Искусниот бек ја повреди Ахиловата тетива на натпреварот од 24. коло од Евролигата против Хапоел минатата недела и откако му беа претставени неколку опции за операција во договор со клубот, тој одлучи да оди во Финска. Клиниката во Турку се смета за најдобра за Ахилова тетива, а Маринковиќ објави дека се чувствува добро по операцијата.
Сезоната за него е завршена, а за ваков тип повреди, паузата изнесува најмалку девет месеци. Во најдобар случај би се вратил на кошаркарските терени на почетокот од идната сезона. Маринковиќ има просек од 5,9 поени, 1,6 скока и 0,8 асистенции во Евролигата оваа натпреварувачка кампања.


