Долго време се зборува за потенцијалното враќање на Богдан Богдановиќ во Европа, поточно во Партизан, а двете страни дури и воспоставиле контакт.
Како што тврдат српските медиуми, претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ и неговиот син го контактирале Богдановиќ, а Жарко Паспаљ, актуелниот спортски директор на црно-белите, не учествувал во овие преговори. На Богдан му биле понудени шест милиони евра годишно со договор од три сезони за враќање во Партизан, со што би бил меѓу најплатените кошаркари во Евролигата.
Српскиот бек ја почна својата професионална кариера во Партизан, за кој играше од 2010 до 2014 година, пред да се пресели во Фенербахче, а потоа од Турција во НБА лигата. Таму настапуваше за Сакраменто, Атланта, сега и за Лос Анџелес Клиперс, а „гробарите“ долго време се надеваат и повикуваат на враќање на Богдан во неговиот сакан клуб.
Сепак, иако неофицијално, моменталната одлука на Богдановиќ е да не се врати во Партизан и да остане во НБА следната сезона, првенствено поради пензијата и бенефициите што ќе ги заработи. Идната сезона би била десетта за него во НБА и со тоа ќе стекне право на доживотна пензија во најмал износ од 560 илјади долари годишно. Поради тоа, нереално е да очекува тој да се врати во Европа барем до летото 2027 година.


