Екипата на Реал Мадрид го доживеа првиот пораз во Евролигата во 2026 година откако вечерва загуби на гостувањето кај Париз.
Францускиот тим го пречека поранешниот европски шампион во првиот меч од 25. коло на елитното натпреварување и победија со 98-92. Со тоа ставија крај на серијата на Реал од пет победи со која мадридскиот тим се проби дури до третата позиција на табелата.
Париз го диктираше темпото речиси цел натпревар, ов последниот период водеше и со осум разлика, но Реал со серија од 8-0 направи пресврт и поведе со 90-89 на околу две минути пред крајот. Сепак, Париз одговори со пет поени по ред и потоа одбрани неколку напади кои му донесоа победа, прва по три порази во низа.
И покрај победата, Париз ги загуби шансите за пласман барем во плејинот бидејќи заостанува дури шест победи зад десеттопласираната Црвена Звезда, на 13 кола пред крајот. Интересно е тоа што Париз и лани беше кобен за Реал, совладувајќи го плејинот од Евролигата со што го оневозможи да ја продолжи борбата за шампионската титула.


