По се изгледа, пропаѓаат и последните надежи за Никола Јокиќ, да се вмеша во борбата за МВП наградата оваа сезона.
Иако минатата недела се појавија снимки како тој тренира, американскиот новинар Шемс Чаранија денеска објави лоши информации за состојбата во која се наоѓа српскиот кошаркар. Според него, Јокиќ ќе паузира најмалку уште една недела со што дефинитивно испаѓа од конкуренција за сите индивидуални награди.
„Денвер Нагетс повторно ќе ја анализира состојбата на Јокиќ за една недела. Тој има напредок, во моментов е во постепено враќање на терените, но Јокиќ и Денвер Нагетс заеднички работат во контекст на негово долгорочно здравје, повеќе отколку тој да учествува во борбата за индивудалните награди. Потенцијалното одрекување од тоа е дел од стратегијата, Јокиќ да остане подготвен за цела сезона, а не само да се врати, па потоа повторно, евентуално, да се повреди. Денвер не е лош без Јокиќ, има 9/5 без него и остана на третото место, исто како пред да се повреди“, пишува, меѓу другото, Чаранија.
Јокиќ досега пропушти 15 натпревари, а до крајот на оваа недела Денвер има уште три и ако Србинот не заигра, дефинитивно ќе отпадне од МВП трката.


