Минесота оваа сезона игра со многу осцилации, победува и губи во серии, а од синоќа е во низа од четири победи кои доаѓаат по пет порази по ред.
На гостувањето кај Мемфис, Тимбервулфс славеа со 131-114 и тоа на крилјата на својата прва ѕвезда Ентони Едвардс кој има фантастична недела зад себе. „Атомската мравка“ постигна 33 поени и заедно со Џулиус Рендл буквално ја уништија одбраната на Гризлис.
Ова беше 21. натпревар по ред на кој Едвардс постигна најмалку 20 поени и тоа официјално е нов рекорд на франшизата која немала ваков играч од заминувањето на Кевин Гарнет. Кевин Лав се обиде, но тој релативно кратко остана во тимот пред да замине во Кливленд. Едвардс ја игра шестата сезона во Минесота и веќе почна да ги руши рекордите, а ако остане таму доволно долго, нема сомнение дека ќе биде еден од најдобрите во историјата на Вулфс.
По синоќешната победа, Минесота е на петтото место на Западот, но со три натпревари повеќе од Лејкерс кои теоретски можат да ги поминат. Мемфис е далеку од плејинот и со серија од шест порази.
РЕЗУЛТАТИ
Индијана – Атланта 129-124
Филаделфија – Њу Орлеанс 124-114
Мемфис – Минесота 114-131
Мајами – Чикаго 118-125
Хјустон – Далас 111-107
Шарлот – Сан Антонио 111-106


