Бранителот на титулата во НБА лигата, Оклахома Сити Тандер ја потврди својата доминација во Западната конференција откако ноќеска како гостин го растури Денвер со 121-111.
Резултат и не е реален одраз на она што се случуваше на теренот бидејќи Оклахома не само што буквално во текот на сите 48 минути беше во водство, туку безмалку цело второ полувреме имаше двоцифрена предност. На две минути пред крајот таа изнесуваше 18 поени, па во финишот, кога се беше решено, Денвер со серија од 8-0 се избори за пристоен пораз.
Првата ѕвезда на Оклахома, Шеј Гилџес Александер потврди зошто е најдобар играч во лигата и ја доби директната битка со својот ривал за МВП признанието, Никола Јокиќ. Канаѓанецот постигна 34 поени, 13 асистенции и пет скока, со одличен шут од игра (11/16). Од друга страна, Јокиќ покажа дека е далеку од најдобрата форма по враќањето на терените од едномесечната пауза и заврши со 16 поени, осум асистенции и седум скока за 29 минути игра.
Оклахома сега се зацврсти на првото место на Западот со 39/11, додека Денвер падна на третата позиција, зад Сан Антонио, со 33/16.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Бруклин 130-77
Мајами – Чикаго 134-91
Торонто – Јута 107-100
Вашингтон – Сакраменто 116-112
Њујорк – ЛА Лејкерс 112-100
Феникс – ЛА Клиперс 93-117
Портланд – Кливленд 111-130
Сан Антонио 112-103
Денвер – Оклахома 111-121


