Кошаркарот Лејкерс, Леброн Џејмс е избран за настап на Ол стар натпреварот што ќе се одржи на 15 февруари во Лос Анџелес.
Тоа ќе биде негово 22. учество на оваа манифестација, но прв како резерва бидејќи не доби доволно гласови за пак да биде стартер. Покрај него, резерви на Западот ќе бидат Ентони Едвардс, Џамал Мареј, Чет Холмгрен, Девин Букер и Дени Авдија. На Истокот, шанса од клупата ќе чекаат Донован Мичел, Џејлен Џонсон, Карл-Ентони Таунс, Паскал Сијакам, Норман Пауел, Скоти Барнс и Џејлен Дурен .
Што се однесува до стартерите, за Истокот ќе играат Јанис Адетокунбо, Џејлен Брансон, Кејд Канингем, Тајрис Макси и Џејлен Браун, а за Западот, Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Шеј Гилџес-Александар, Стеф Кари и Виктор Вембанјама.
И покрај тоа што се избрани од конференциите, овие играчи ќе бидат поделени во два тима од САД и еден од светот, натпреварувајќи се за прв пат на мини-турнир. Џејмс го предводи овој Ол-стар натпревар со рекордни 22 настапи, а по него следуваат Кевин Дурант со 16, Стефен Кари со 12, Јанис Адетокумпо со 10, и Никола Јокиќ со 8.


