Иако пред два дена газдата Димитрис Јанакопулос побара оставка од тренерот Ергин Атаман, по се изгледа до такво нешто нема да дојде.
Тој самиот не може да го избрка Турчинот бидејќи има договор, а трофејниот стручњак јасно стави до знаење дека не сака да си оди пред крајот на сезоната. Тензијата во екипата е голема, но за разлика од другите клубови, овде ќе се реши со ангажирање нов играч.
Во игра за трансфер во Панатинаикос е францускиот репрезентативец Гершон Јабуселе кој по се изгледа ќе ја напушти НБА и ќе се врати во европската кошарка. За него е заинтересиран и Реал, како негов поранешен клуб, но Панатинаикос води во трката бидејќи нуди подобри услови. Во преговорите посредува сонародникот на Јабуселе и негов добар пријател Матијас Лесор.
Од втор план, својата шанса ја чека и Хапоел Тел Авив чи газда воспоставил контакт со Французинот, но се чини дека Јабуселе би отишол таму само ако пропаднат преговорите со ПАО и Реал.


