Евролига повторно ја разбранува кошаркарската јавност со одлука што ретко се гледа во елитните натпреварувања – промена на правилата на средина од сезоната што предизвика лавина коментари.
Вчера официјално почна продажбата на билети за завршниот турнир што ќе се одржи во Атина, а денеска е објавена и клучната вест: нема да има натпревар за третото место на претстојниот Ф4. Одлуката беше во голема мера поздравена, со оглед на тоа што натпреварот за бронзен медал со години се сметаше за формалност без вистинско натпреварувачко значење и натпревар што едвај привлекува публика, а го мразеа сите учесници, најмногу тренерите кои ризикуваа повреди на играчите на безначаен меч. Единствениот проблем во овој случај е тоа што промената е објавена на само неколку месеци пред завршниот турнир.
Место натпревар за третото место, гледачите сега ќе имаат можност да го гледаат финалето на јуниорскиот турнир Next-Gen, што се смета за добар чекор кон промоција на млади таленти и идни ѕвезди на европската кошарка.


