Српскиот стручњак Дарко Рајаковиќ официјално е назначен за еден од трите тима на Ол-стар натпреварот.
Комесарот на НБА, Адам Силвер го именуваше Рајаковиќ за тренер на тимот што ќе игра со играчи кои не се од САД. Со ова, Србинот ќе биде прв странец кој некогаш бил главен тренер на една екипа на Ол стар викендот, а другите два тима ќе ги предводат Џеј Би Бикерстаф од Детроит и Мич Џонсон од Сан Антонио. Всушност, малку тренери некогаш биле на позицијата главен тренер во НБА, а кои не се Американци. Досега таа чест ја имале Игор Кокошов од Србија, Жорди Фернандес од Шпанија, Туомас Исало од Финска, Серџо Скариоло порано беше помошник во Торонто, а Еторе Месина во Сан Антонио.
Репторс на Рајаковиќ играат далеку над очекувањата оваа сезона, во моментов се четврти на Истокот со скор 30/21. Рајаковиќ во својот Ол-стар тим ќе ги има Јанис Адетокунбо, Паскал Сијакам, Лука Дончиќ, Шеј Гилџес Александер, Никола Јокиќ, Виктор Вембањама, Дени Авдија и Џамал Мареј.


