Денвер Нагетс го доживеа вториот пораз во низа откако ноќеска загуби на гостувањето кај Детроит со 121-124.
Конечниот резултат не е реален одраз на тоа што се случуваше на теренот, многумина би помислиле дека Денвер бил рамноправен противник, но тоа не беше случај. Гостите буквално го преспаа првото полувреме, Пистонс во него направија предност од 19 разлика (69-50) и двоцифрената предност ја одржуваа до средината на последната четвртина.
Денвер се разбуди кон средината на последниот период, со серија од 9-0 се доближи на само два разлика (110-112), но домашните кошаркари искусно ја одржаа предноста и стигнаа до победата. Со неа се зацврстија на првото место во источната конференција со дури пет победи повеќе од второпласираниот Бостон кој има и натпревар повеќе.
Кејд Канинген со 29 поени беше најефикасен во редовите на Детроит, а додаде и 10 скока. Мареј го предводеше Денвер со 32 поена, додека Јокиќ оствари дабл дабл со 24 поени и 15 скока, но во најголемиот дел од мечот не беше на своето ниво.
РЕЗУЛТАТИ:
Индијана – Јута 122-131
Вашингтон – Њујорк 101-132
Мајами – Атланта 115-127
Далас – Бостон 100-110
Милвоки – Чикаго 131-115
Оклахома – Орландо 128-92
Голден Стејт – Филаделфија 94-113
Портланд – Феникс 125-130
ЛА Лејкерс – Бруклин 125-109
Детрпот – Денвер 124-121


