Од 5 до 16 август, Македонија ќе го организира Европското првенство за кошаркари до 16 години.
Тоа е петти европски кадетски шампионат по ред што ќе се одржи во Македонија со тоа што во 2022 и 2023 година беше од А, а во 2024, 2025 и претстојното од Б-дивизијата.
„Како федерација, со големо задоволство и целосна одговорност, ја прифаќаме оваа одлука на ФИБА Европа, која претставува уште една потврда за довербата во нашите организациски капацитети и искуство во реализација на меѓународни натпреварувања. Убедени сме дека нашите млади кошаркари ќе ја претставуваат државата на достоен начин и ќе дадат максимум на ова значајно меѓународно натпреварување, кое воедно ќе биде и голем празник за македонската кошарка“, објави Кошаркарската федерација на Македонија.
Засега е неизвесно дали и претстојното првенство ќе се одржи во Скопје или за домаќин ќе биде одреден друг град. Кошаркарската федерација дополнително ќе ја донесе одлуката по ова прашање.


