Актуелниот МВП во НБА лигата, Шеј Гилџес Александер ќе биде надвор од кошаркарските терени најмалку две недели поради повреда на абдоменот, објавија вечерва американските медиуми.
Канаѓанецот ќе пропушти најмалку пет натпревари, почнувајќи од дуелот против Сан Антонио вечерва, а јасно е дека нема да настапи ни на Ол стар натпреварот што е на програмата на 15 февруари. Најрано би можел да се врати по паузата поради Ол стар викендот, против Бруклин на 20 февруари.
Неговото отсуство не би требало да има поголеми реперкусии врз изгледот на табелата бидејќи Оклахома е лидер на табелата во Западната конференција и има голема предност во однос на конкурентите. Сепак, постојат стравувања од посериозна повреда која може да ги уништи шампионските амбиции на Тандер, а Гилџес Александер да го исфрли од трката за МВП признанието.


