Иако има 43 години, капитенот на ТФТ, Едис Нури се уште е активен, а денеска, во дуелот од АБА 2 лигата против Студент доби нешто поголема минутажа.
На теренот помина речиси осум минути и за тој период оствари две асистенции, која од која поатрактивни.
Особено интересна беше првата, кон Гордон при што ветранот го проигра својот соиграч од зад грб. Веќе во следниот напад Нури без гледање додаде кон Зафиров кој со кош ја круниса фантастичната акција.


