Ако некој не ја следел Евролигата досега, сигурно немало да поверува дека Партизан нема шанси за плејин, а Панатинаикос е фаворит за титулата.
„Црно-белите“ буквално го расгурија седумкратниот европски шампион и пред своите навивачи славеа со 78-62 во својот најдобар натпревар откако тренерската позиција ја напушти Жељко Обрадовиќ. Интересно е тоа што трофејниот стручњак си замина токму по дуелот против денешниот првак во Атина, пред крајот на ноември. Колку на Панатинаикос денеска ништо не му одеше, толку домашните кошаркари користеа и на својот противник му нанесоа пораз кој може скапо да го чини тренерот Ергин Атаман.
Првата четвртина беше рамноправна, но во втората и третата Панатинаикос вкупно постигна 23 поени (14+9), па Партизан го искористи за по 30 минути игра да поведе со огромни 24 поени разлика (66-42). Во финалниот период ПАО се обиде нешто да намали, но далеку од тоа дека ова може да се смета за пристоен пораз ако доаѓа од тим кој одамна ги загуби шансите за пласман во топ-10.
Единствена светла точка во гостинскиот тим беше македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс кој постигна повеќе од третина од поените на Панатинаикос (21). Тој беше и единствен со двоцифрен ефект во грчкиот тим бидејќи далеку зад него останаа Ернангомез и Митоглу со седум.
РЕЗУЛТАТИ
Дубаи – Реал 93-85
Хапоел – Валенсија 99-104
Баерн – Монако 91-82
Партизан – Панатинаикос 78-62


