Екипата на Лос Анџелес Лејкерс ја оствари третата победа во последните четири натпревари откако ноќеска на домашен терен славеше против Филаделфија со 119-115.
Успехот, сепак, го засени повредата на Лука Дончиќ кој мораше да го напушти теренот уште во првото полувреме. При еден напад на неговиот тим, тој се фати за задната ложа и беше мошне нервозен што веројатно значи дела се работи за нешто потешка повреда и подолго отсуство на словенечкиот ас.
Luka Dončić wasn't happy after the injury… 😕
IG/_MichaelMorales10 pic.twitter.com/yEDHDLVY4n
— Luka Updates (@LukaUpdates) February 6, 2026
За среќа на Лејкерс,, се разигра Остин Ривс кој ја презеде одговорноста во тимот и натпреварот го заврши со 35 поени. На ниво беше и Леброн Џејмс кој оствари дабл дабл со 17 поени и 10 асистенции. Филаделфија ја прекина серијата од победи и покрај одличната игра на Жоел Ембид кој постигна 35 поени, седум скока и седум асистенции.
Лејкерс со оваа победа ја продолжија потерата по третопласираниот Денвер кога веќе Сан Антонио и Оклахома се далеку напред. Филаделфија е сигурна на шестата позиција во Источната конференција.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Вашингтон 117-126
Орландо – Бруклин 118-98
Атланта – Јута 121-119
Торонто – Чикаго 123-107
Хјустон – Шарлот 99-109
Далас – Сан Антонио 123-135
ЛА Лејкерс – Филаделфија 119-115
Феникс – Голден Стејт 97-101


