Серијата од пет победи на Црвена Звезда во Евролигата заврши вечерва откако српскиот тим на домашен терен загуби од Макаби со 82-83.
Иако беше во негатива во најголемиот дел од мечот, белградската екипа доби шанса во финишот да дојде до победа и да ја продолжи својата фантастична серија. При резултат 83-82 за Макаби, прво Нвора промаши шут за тројка, а откако Соркин беше фаулиран, ги утна двете слободни фрлања.
Звезда имаше 15-тина секунди за напад, успеа да се избори за позиција за победа, но домашните кошаркари промашија дури три обиди за победа. Нвора прво се обиде да погоди од пост, но го погоди обрачот, топката дојде до Калиниќ кој не успеа да погоди, а од „трета мајка“ не поентираше ни Милер Мекинтајер.
Со тоа Звезда испушти шанса да се искачи дури на петтата позиција на тавелата бидејќи Реал и Хапоел доживеаја порази во ова коло. Макаби со втората победа по ред и трета во последните четири кола ги задржа теоретските шанси за пласман во плејинот бидејќи заостанува три триумфи зад десеттопласираниот Монако.
РЕЗУЛТАТИ
Анадолу Ефес – Жалгирис 92-82
Црвена Звезда – Макаби 82-83
Асвел – Олимпија Милано 76-77
Олимпијакос – Виртус 109-77
Басконија – Барселона 91-97


