Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра извонреден натпревар и имаше голем придонес во убедливиот триумф на Баерн против Хајделберг со 106-63.
Нашиот плејмејкер беше најефикасен во својот тим со 18 поени за нешто помалку од 22 минути во игра, со шут 5/7 за два, 1/1 за три и 5/5 од линијата за слободни фрлања. Баерн немаше никакви проблеми, сите четвртини убедливо ги доби и денешниот меч му послужи само како посериозен тренинг пред новите натпревари во Евролигата.
Што се однесува до Димитријевиќ, ова беше негов најефикасен натпревар откако дојде во Баерн и петти во последните шест меча кој го заврши со двоцифрен ефект.


