Францускиот центар Виктор Вембанјама одигра феноменална прва четвртина против Лос Анџелес Лејкерс, постигна 37 поени до полувремето, а остатокот од натпреварот, главно го помина на клупата, гледајќи како неговиот тим убедливо победува. Сан Антонио Спарс ги совлада десеткуваните Лејкерс со 136-108 во натпревар во кој ниеднаш не беа во негатива.
Лејкерс беа без своите клучни играчи во овој натпревар и затоа немаа реални шанси за победа. Без Лук Дончиќ, Леброн Џејмс, Остин Ривс, Диандре Ејтон и Маркус Смарт, однапред беа осудени на дебакл, а во еден момент губеа со 41 разлика.
Во таков однос на силите, Вембанјама доминираше во првата четвртина, во која постигна 25 поени за осум минути, или три поени повеќе од целата стартна петорка на противничкиот тим. До полувремето веќе имаше 37 поени и осум скока, а потоа доби шанса за подолг одмор. Французинот одигра само 26 минути, што му беше доволно за 40 поени (13/20 шут од поле, 10/12 слободни фрлања) и 12 скока.
Тоа беше шести натпревар во кој Французинот постигна 40 или повеќе поени за Спарс. Во својата трета сезона, тој веќе ја надмина легендата на франшизата и еден од најдобрите крилни играчи на сите времиња, Тим Данкан. Поранешниот центар 19 години со Спарс и освои пет титули со нив, а само пет пати постигна 40 или повеќе поени во својата кариера иако има 1.236 натпревари повеќе од 22-годишниот Вембанјама.
Лук Кенард и Дру Тим постигнаа по 14 поени за Лејкерс, а синот на Леброн Џејмс, Брони, исто така добро ги искористи минутите. Тој постигна 12 поени и беше најдобриот асистент на Лејкерс со шест асистенции за соиграчите.
РЕЗУЛТАТИ
Њујорк – Индијана 134-137
Хјустон – ЛА Клиперс 102-95
Феникс – Далас 120-111
ЛА Лејкерс – Сан Антонио 108-136


